еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Кои се пожарникарите кои Пендаровски ги одликуваше со „Медал за храброст“

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, со „Медал за храброст“ одликуваше осум припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Медалот за храброст им се доделува за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност при извршувањето на задачите во справувањето со огнената стихија за време на пожарот во станбена зграда на ул. „Народни херои“, Општина Кисела Вода, при што придонеле за навремено извлекување на загрозените станари.

Во пресрет на Денот на независноста 8-ми Септември, истакна претседателот Пендаровски, нивниот херојски чин е момент на обединување за сите нас како граѓани, честитајќи им за врвната професионалност и пожртвуваност.

Претседателот Пендаровски на денешната свеченост го врачи и признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, за посветено извршување на задачите при гаснење пожари на подрачјето на градот Скопје, отстранување на непосредната опасност за настанување на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот, загрозени од пожари и од експлозии, и останати активности во согласност со делокругот на работа.

„Се надевам дека медалите и повелбата ќе бидат дополнителен мотив за понатамошна посветена работа и за професионално дејствување. Исто така верувам дека сево ова ќе биде и потсетување за значењето на противпожарните бригади и потребата од постојано инвестирање во современа опрема и модерни средства и алати неопходни за нивната работа, како и потребата од обука и тренинг на пожарникарите.

Секако, ова се однесува за сите противпожарни бригади низ целата наша држава“, истакна претседателот Пендаровски, порачувајќи дека не треба да се штеди при набавката на опрема и секаде каде што е потребно да се зголеми бројот на пожарникари и да се инвестира во нивните вештини и знаења.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, во името на Бригадата и на сите колеги пожарникари упати благодарност до претседателот Пендаровски за одликувањето со „Медал за храброст“, и за признанието „Повелба на Република Северна Македонија“.

„Бригадата за противпожарна заштита во оваа година се соочи со повеќе сериозни и тешки интервенции во коишто одговоривме максимално професионално и со нашата посветеност кон работата не дозволивме поголеми несреќи и катастрофи“, рече Симоновски.

Пожарот што се случи во јуни годинава, во седумкатница во Општина Кисела Вода, беше навремено изгаснат без загуба на човечки животи.

Поради сериозни респираторни проблеми, на Универзитетската клиника за токсикологија беа хоспитализирани единаесет лица, од кои четворица пожарникари.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оглас за вработување по етничка основа и во Агенцијата за катастар на недвижности

Редакција

Со осмиот концерт на Добрила и Дориан Дуо се затвора циклусот „Светско, а наше“ во Јавна соба

Редакција

Звучните уметници Тони Димитров и Мартин Георгиевски со учество на првото Биенале на Западен Балкан во Грција

Редакција