еМагазин
Македонија

Од 1 октомври лекови на товар на Фондот ќе можат да се подигнат со лична карта или пасош и рецепт

Осигурените лица од 01.10.2019 година ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош), информираат од ФЗОМ.

„До тој период, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на + осигуреното лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година.

Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести за празниците препорачува работно време на рестораните до 18 часот, забрана на собири и прослави во станови, плоштади и работни организации

Редакција

СЈО го доби дописот од Јовески за преземање на предметите

Редакција

Осомничената Фросина Ременски на увид во доказите за „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13

Редакција