еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Цветанка Периќ, која е избрана за нов судија во Врховниот суд

Цветанка Периќ е избрана за нов судија во Врховниот суд.

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист, кој го доставила до Државната комисија за спречување корупција, кога станала судија во Апелациониот суд, во 2011 година.

Каков имот пријавила?

Периќ во својот анкетен лист како заеднички имот пријавила стан во Скопје од 60 метри квадратни, проценет на 3,2 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба, а на свое име пријавила уште еден стан во Скопје од 87,5 метри квадратни, проценет на 4,8 милиони денари, исто така стекнат со договор за купопродажба.

И таа и сопругот возат Пежо. Периќ вози Пежо 107, а нејзиниот сопруг, Пежо 307.

Пријавила и кредит од 420 илјади денари, кој требало да го врати во 2016 година.

Целиот анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил наследникот на Вангеловски, Фаик Арслани, новиот в.д. претседател на Врховниот суд

Која е Цветанка Периќ, која е избрана за нов судија во Врховниот суд

Каков имот пријавил суспендираниот судијата Мустафа Шахини, чии мандат е продолжен за две години

Каков имот пријавил разрешениот Јово Вангеловски: Вози Мерцедес Бенз, а со сопругата имаат 4 стана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата на Меркел е против датум за преговори за Македонија во јуни

Редакција

Вознемирувачки снимки од убиство на цивили во Украина

Редакција

Со сослушување на вештаци кои го изготвија супервештачењето, во Кривичен продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција