еМагазин
Image default
Македонија

Заев контактирал со адвокатката на Јанева, Фрчковска, демантира дека ќе биде пуштена во домашен притвор

Премиерот Зоран Заев денеска ги демантираше вчерашните обвинувања од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.

– Строго ги деманитрам ваквите лаги, бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предеметите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски, изјави Заев.

Во однос на разговорите за Законот за јавното обвинителство, Заев рече дека преговорите продолжуваат со цел да се најде решение кое ќе биде поддржано со двотретинско мнозинство или со консензус.

Решение, рече Заев, мора да се најде, иако предметите се обезбедени и одат под надлежност на јавниот обвинител.

– Денеска почнуваме со писмена иницијатива на тоа што го разговаравме. Продолжуваме да разговараме и со ВМРО-ДПМНЕ и со другите партии во Парламентот за да изнајдеме решение. Не се откажуваме. Мислиме дека можеме да најдеме решение. Принципиелно сме поставени. Апсолутно мислиме дека  авангардни чекори поставуваме отворајќи како понуда обвинителство за гонење на висока корупција кадешто обвинителот ќе биде на предлог на опозицијата, а Парламентот ќе го бира, истакна Заев, додавајќи дека писмените предлози ќе ги каже министерката за правда Рената Дескоска.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По повлекувањето на Павлески, Ирена Фрчкоска е новата адвокатка на Катица Јанева

„Катица од притвор си раководи со даљинско“: Твитер реакции за писмото кое Јанева го прати до СЈО од Шутка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

82,1% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

Од Ковид-19 починаа 32 лица, најмладото на 35-годишна возраст

Редакција

Димитров вели оти Македонија не се однесува како кандидат за членство во ЕУ, Османи му порача да се занимава со историја, а не со политика

Редакција