Адвокатката на семејствата на жртвите, Дафинка Ивановска, по денешното рочиште за „Монструм“, рече дека тие долго ги очекувале овие бомби, поради тоа како биле најавувани, но дека не виделе ништо суштинско во нив.
– За овие четири часа како што видовте и вие не знам дали имаше таков бум затоа што нешто суштинско нема во бомбите. Имаше многу разговори, разговори помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, помеѓу Миле Јанакиески, помеѓу премиерот, Сашо Мијалков, Оливера Трајковска, значи се различни се тие. Значи, ви кажувам, и како што кажавте дека се всушност 25 разговори, меѓутоа и чудно ни падна некако како може такви големи предмети, некои тајни и истрага да се пренесуваат, да се кажуваат на луѓе коишто не се дел од истрагата, изјави Ивановска.
Нагласи дека нешто конкретно во однос на овие бомби нема, освен што, како што вели таа, дека се покажува дека власта влијаела дали и кога да се одржуваат рочиштата за „Монструм“ и за тоа зошто нема екстрадиција од Косово.
– Многу е чудно, кога биле фатени двајцата во Косово, знаете за кого станува збор, зошто понатаму не продолжила екстрадицијата. Исто така слушнавме дека би било добро разговорот на министерката Јанкулоска, всушност предметот од тогашниот министер за правда Блерим Беџети да се прати, значи барањето до косовското Министерство за правда како што е постапката и редот да се побрза, меѓутоа за екстрадицијата ќе се договореле, имало време, меѓутоа сведоци сме до ден денес за жал до таа екстрадиција не дојде, изјави Ивановска.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рибарот бил убиен зошто е сведок, открива Јанакиески во „бомба„ за Монструм