еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 во понеделник, Јанева во вторник на распит за „Рекет“

Осомничените за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева повторно се повикани на распит во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

– Бојан Јовановски – Боки 13 е повикна да даде исказ во понеделник напладне, а поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во вторник, потврдуваат за МИА од Обвинителството.

Во Обвинителството за организиран криминал вчера исказ во врска со случајот „Рекет“ дадоа и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството за организиран криминал сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.

МИА/Фото: Инстаграм/Боки 13

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Гужва„ во Обвинителството за распит за „Рекет“, првоосомничениот Боки 13 се уште неповикан

Претседателката на Собранието на Меѓународен сојуз на Боки 13 не знае каде завршиле парите кои бизнисмени ги уплаќале на невладината

Азманов: Боки 13 ми се закануваше со документи од СЈО и Финансиска полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија веќе нема да се придржува до правилата на Европскиот суд за човекови права

Редакција

Ковачевски им се извини на Телма и Алфа

Редакција

„Рапид билд“ го доби тендерот на МЕР за полнење на гасоводот Клечовце-Неготино вреден 268.000 евра

Редакција