еМагазин
Image default
Македонија

Управниот суд ја уважи жалбата на Иванов против Антикорупциска за унапредувањата во Армијата

Управниот суд пресуди во полза на поранешниот претседател Ѓорге Иванов кој поднесе тужба против Антикорупциска комисија која поведе прекршочна постапка против него за унапредувањата во Армијата.

Во образложението на Управниот суд, се наведува дека на Иванов му било оневозможено да ги изложи своите аргументи како одбрана пред Антикорупциската комисија, а исто така не му било доставено и нејзиното решение, туку било само објавено на веб-страницата на Комисијата.

– Врз основа на наведеното, Судот утврди дека тужениот орган при водење на постапката не го почитувал членот 33 ставот 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и не го повикал тужителот на денот на одржувањето на јавната седница, со што го повредил начелото на еднаквост во постапката и му го ускратил правото да ги изнесе аргументите поткрепени со факти и докази.

Исто така, тужениот орган сторил повреда и на ставот 6 од истиот член, кога не ја доставил одлуката до тужителот, од причина што истата само ја објавил на веб-страната на ДКСК, согласно член 22 став 7 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а не се обидел да ја достави, имајќи предвид дека со истата утврдува дека ќе иницира прекршочна постапка, се наведува во образложението од Управниот суд.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починато едно лице од Ковид-19, вкупно до сега 5.475

Редакција

Катица Јанева празниците ги поминала дома со семејството

Редакција

Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција