еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Видео) Вардар обоен во портокалово, загадување предизвика помор на рибите

Помор на риби беше забележан по течението на реката Вардар кај населбата Аеродром. По првичните проценки на инспекторите од Град Скопје, кои заедно со екипи на „Водовод и канализација“ излегле на терен, се дека загадувањето доаѓа од кругот на поранешна Железара.

На официјалната Фејсбук страница на Град Скопје, каде информираат за направениот вонреден инспекциски надзор, се наведува дека ќе следуваат вонредни инспекциски контроли во кругот на „Железара“, а одговорните субјекти ќе бидат соодветно санкционирани.

– Поради помор на риби по течението на реката Вардар во Аеродром, дежурните инспектори од Инспекторат на Град Скопје заедно со екипи на ЈП „Водовод и канализација“ веднаш излегоа на увид на терен. Од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се земени примероци од водата за испитување. Првичните индиции на градските инспектори се дека загадувањето на реката на овој потег е од кругот на поранешна „Железара“, пишува на Фејсбук страницата на Град Скопје.

Од компанијата „Макстил“ вечерва преку соопштение информираа дека по информациите за загадување на Вардар со отпадни води, нивни екипи задолжени за заштита на животната средина веднаш излегле на терен и земени се мостри од влезната и излезната точка на индустриската вода.

– Истите се предадени на овластени надворешни лаборатории за испитување, меѓутоа првичните резултати покажуваат дека водата на влез и на излез од Макстил е бистра и без видливи примеси. Веднаш штом ќе ги добиеме резултатите од извршените мерења од акредитираните лаборатории, ќе ја информираме јавноста за истите, стои во соопштението од „Макстил“.

МИА/Видео: Општина Гази Баба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 186 тони отпад собрани во Генералка викенд 2022, организирана од Пивара Скопје, „Мен енд маунтен“ и Пaкомак

Редакција

Со воведување на R32 фреонот се обезбедува до 9% поголема заштита на животната средина

Редакција

ОН: Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години

Редакција