еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинение за новинар од порталот „Инфомакс“ за објавување на записникот од „Рекет“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик, информираат од таму.

„Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителството го поднесе обвинението до Основниот кривичен суд Скопје откако по објавата на записникот на споменатиот интернет портал беа направени потребните проверки и беа обезбедени материјалните докази за наведеното кривично дело, согласно Законот за кривична постапка.

Во поглед на околностите на кој начин овој записник е излезен од списите на предметот и како е предаден на обвинетиот новинар за да биде објавен, обвинителството ќе поведе кривична постапка доколку утврди кое лице го предало и за тоа обезбеди докази“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој го сликаше записникот за сведочењето на Камчев за „Рекет“?

Од Обвинителството се уште не знаат како дел од записникот од сведочењето на Камчев заврши во медиумите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милошоски вели дека „бомбите“ се од времето на Мијалков, на Заев му порача дека ќе го отвори како пупка

Редакција

Центарот за јавно здравје – Скопје вработува 14 лица, плата до 33.727 денари

Редакција

(ВИДЕО) Барањето за забрана нема правна основа: Филмот „Ругање за Христос“ слободно ќе се прикажува

Редакција