еМагазин
Спорт

Славчо Васков стана сопственик на 96 отсто од акциите на ФК Беласица

Фудбалскиот клуб Беласица од Струмица преку Македонската берза информира дека е настаната промена на сопственичката структура на клубот.

„На местото на претходниот сопственик „Биомедиум“ ДОО од Струмица стапува Славчо Васков од Струмица со сопственост на 96 отсто од акциите“, соопшти клубот.

Оттаму додаваат дека членови на Одборот на директори на клубот се Даниела Васкова, извршен член, Ванчо Стојанов, неизвршен член и Ване Милков, независен неизвршен член.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Објавен спотот за „Одиме на Европско“, химната за Европско првенство во фудбал

Редакција

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

Редакција

Замина легендарниот возач на Формула 1, Ники Лауда

Редакција