еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Холандија е за раздвојување на Македонија и Албанија, но нема да става вето

Холандија бара Албанија и Севернa Македонија да бидат третирани одвоено во однос на отворањето на пристапните преговори за членство во Европската унија, за што ќе се расправа на состанокот на Советот на министри во Луксембург на 15 октомври, а конечната одлука треба да биде формализирана на 18 октомври од Европскиот совет.

Ваквиот став произлезе од вчерашната дебата во Комитетот за европски прашања на холандскиот Парламент. Шефот на дипломатијата Стеф Блок го повторил ставот на Владата дека почеток на преговори со Албанија во овој момент би било прерано. Холандија, сепак, нема да стави вето доколку останатите земји членки на ЕУ бидат за старт на преговорите.

Заклучокот од дебатата во Комитетот за европски прашања сега треба да се преточи во заеднички став на парламентарните партии.

Холандското МНР во меѓувреме ги повтори позициите на Владата дека земјите кандидати мора да ги исполнат поставените услови пред отворање на преговарачкиот процес.

Холандија го поздравува направениот напредок во земјите кандидадти, но смета дека нивното оценување треба да биде посебно врз основа на нивните постигнувања.

Во делот за Северна Македонија се вели дека е направен охрабрувачки напредок и се поздравува Преспанскиот договор како пример за решавање и на други отворени прашња во регионот. Се препорачува продолжување на предметите отворени од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и се поздрваува нивното префрлање за понатамошно процесуирање во Јавното обвинителство.

Клучен чекор што треба да се направи е усвојување на закон што ќе гарантира независно Јавно обвинителство и гонење на случаите на висока корупција.

За Албанија, холандската Влада ги поздравува досега преземените чекори, но смета дека мора да бидат направени допнителни напори за зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција смета дека отварањето преговори само со Македонија може да донесе дестабилизација на северната граница

Бугарија ќе поддржи отворање преговори на Македонија со ЕУ, но не безусловно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Димитров: Пендаровски греши во клучен историски момент!

Редакција

„Чакар-партнерс“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за проект за експресен пат Битола-Меџитлија со обиколница

Редакција

Казна од 1.500 до 2.000 евра доколку не ја почитувате забраната за движење во шума

Редакција