На 10.10.2019 во 10,00 часот во Полициска станица Меџитлија биле лишени од слобода Л.П.М. (39) и З.Л.Ф. (19) од Куба, кои истиот ден во близина на граничната линија во с.Драгош,битолско од полициски службеници од Граничната полиција биле откриени при обид илегално да ја преминат државната граница помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција, информира МВР.
Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.