еМагазин
Image default
Локално

Крадец од Гостивар уривал рекорди: Извршил 20 кражби

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти 20 кражби извршени во Гостивар и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе три кривични пријави против 35-годишниот гостиварец Џ.К. поради основи на сомнение дека сторил 16 тешки кражби и 4 кражби, информира МВР.

Џ.К. се сомничи дека во периодот од февруари до октомври оваа година со употреба на сила влегувал во куќи и моторни возила во Гостивар, од кои одземал разни предмети: телевизори, работни машини, разновиден алат…

Најголемиот број од одземените предмети се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Скопје: Петгодишно девојче почина по пад во базен на угостителски објект

Редакција

Педесетина пријави за последици од синоќешното невреме во Кавадарци

Редакција

Првите инфо денови од ИПАРД Програмата започнаа од Велес и Лозово и ќе продолжат во Штип и Радовиш

Редакција