еМагазин
Image default
Локално

(Фото) По демолирањето на споменикот на децата бегалци, уништено и спомен обележјето на Вера Циривири – Трена

Од Општината Карпош информираат дека во период од неколку дена, по втор пат, насилно се уништува спомен обележјето на Вера Циривири – Трена, во истоименото училиште во скопската населба Карпош 2.

„Пријавено е до МВР и до Крим техника. Овие вандалски чинови стануваат секојдневие и бараме итни санкции за сторителите.

Откако претходно бевме соочени со свесно уништување на урбаната опрема (реквизити на детски игралишта, клупи, корпи, столпчиња) сега се уништуваат и бистите по основните училишта.

Општината, во повеќе наврати има испратено и пријави до ПС Карпош. За жал, и ова е Карпош…“, велат од Општината.

Пред неколку дена во Скопје беше демолиран и споменикот на децата бегалци, жртви на егзодусот врз Македонците во Граѓанската војна во Грција во паркот „Жена борец“.

Фото: Телма/Општина Карпош/Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воз удри автомобил на преминот кај поранешна велешка Свилара

Редакција

Повредено момче по напад со нож

Редакција

На прилепченец му фрлиле запалива материја во дворот

Редакција