еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета уживаа во „Макфест“

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета присуствуваа на годинешното издание на „Макфест“.

„Повеќе од три децении и со над 1.000 композиции „Макфест“ е фестивал хроничар на македонската забавна сцена, создавајќи познати хитови, многу од нив и до денес популарни. Почнувајќи од првиот победник „Кога те нема“ на Хелена Благне, па се до денес „Макфест“ им овозможи на многу изведувачи да се пробијат на регионалната музичка сцена.

Честитки за Мартинијан Кириловски за добиената прва награда на овогодинешното издание на „Макфест“. Им честитам и на Александар Митевски и Драган Спасов-Дац, и на Фрајле за освоените втора и трета награда, како и на сите изведувачи, композитори и текстописци чии дела и настапи беа наградени вечерва. Да се множат успесите!“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Мартинијан Кириловски победник на „Макфест 2019“

(Фото) Тамара објави фотографија со Маријана и Росана, од пред 28 години на настапот на „Макфест“

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Македонците погневни само Турците

Редакција

Казни од од 1.500 до 2.000 евра: Воведена делумна забрана за движење во шума од 6 до 20 часот

Редакција

Зимата се враќа на голема врата: Северен ветер и многу ниски температури од четврток

Редакција