еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ел Чека објави нова „бомба“ со Шекеринска и Бесими за гласање во ДИК за локалните избори во 2013 година

Ел Чека продолжува со објавување „бомби“, а последна во низата е нелегална аудио снимка со  телефонски разговор меѓу министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска од СДСМ и поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Фатмир Бесими од ДУИ.

Станува збор за снимка од разговор во 2013 година за време на локалните избори. Во него се слуша како женскиот глас бара од соговорникот нивниот човек во Државната изборна комисија (ДИК), Субхи Јакупи, како што вели: „принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово, за изборниот процес да не добие црвен картон“.

Женскиот глас вели дека одлучувачки е гласот на Јакупи, и доколку има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија и ќе донесе нова политичка криза, затоа што потоа како што вели прашање на време ќе биде кога ќе го напуштат Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шекеринска на „Фексбук“: „Бомбава” само потврди колку не сме исти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ предложи 9 итни мерки за надминување на состојбата со коронавирусoт

Редакција

Минатата недела 195 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Редакција

Се разработи „Криволак“: Војската на САД ќе гаѓа со „Блек хок“ хеликоптери, а потоа 2.000 војници во „Одлучен удар“

Редакција