еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

А1 Македонија: Бесплатна услуга за видео конференција за сите

А1 Македонија ги продолжува активностите како поддршка за сите свои корисници со цел поедноставно секојдневие во новонастанатата состојба предзивкана од Ковид -19 вирусот, информираат од компанијата.

„Од денеска, А1 во соработка со „eyeson“ бесплатно ја овозможува услугата Видео конференција, која е одлично решение за реализација на состаноци, без физичко присуство на иста локација. Станува збор за професионално решение преку кое може да бидат поврзани до 100 видео учесници, хостирано на платформата на А1.

Со услугата Видео конференција може да реализираат квалитетни видео повици, со совршено јасна слика, едноставно и брзо, без инсталирање апликации, а е достапна преку лаптоп, компјутер или смартфон и обезбедува комплетна сигурност.

Услугата Видео конференција е достапна бесплатно за користење до 30.06.2020, притоа не е потребно да внесувате податоци од платежна картичка.

Две недели пред истекот на бесплатниот период ќе добиете известување како и информација за условите под кои услугата ќе биде достапна за користење понатаму,“ се вели во соопштението.

Повеќе информации можете да добиете на www.A1.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Браво за А1, пример за општествено одговорна компанија!

Убава вест од А1: 10GB мобилен интернет и дополнителни бесплатни TВ канали за сите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Врба“ на Mанчевски почнува да се емитува на HBO Go

Редакција

Со NLB Smart POS, мобилниот телефон станува ПОС терминал

Редакција

Хуманитарецот Али Февзи е Маж на годината во избор на социјални медиуми за 2020 година

Редакција