еМагазин
Image default
Бизнис

„А1 Македонија“ го воведува „А1 Флекси”- флексибилен модел на работа на вработените

А1 Македонија поставува нови стандарди во креирањето на начинот на работење за своите вработени и со гордост објавува дека го воведува флексибилниот модел на работа именуван како “А1 Флекси”, информираат од компанијата.

„Со “А1 Флекси”, А1 Македонија ги урива границите на традиционалното работно време и место и се насочува кон својата цел, агилна компанија која на своите вработени им нуди флексибилен начин на работа создаден за подобар баланс на приватното време и времето поминато на работа.

Концептот нуди две категории и тоа: Flexi Тime, кој нуди флексибилност во времето на доаѓање и заминување од работа и Flexi Place, концепт кој на вработените им дозволува повремена работа од дома или од друга локација„, велат од компанијата..

„Флексибилното работење не е нов концепт на македонскиот пазар, но е прв пат една голема компанија како А1 Македонија да го воведе во својот начин на работење. “А1 Флекси” е голем чекор и предизвик за нашата компанија, но веруваме дека на нашите вработени ќе им овозможиме ново искуство и ќе им помогнеме да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа“, вели Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

Флексибилното работно време не го менува бројот на работни часови, туку само ја зголемува продуктивноста на вработените, а со тоа и им помага да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа, велат од компанијата.

„Со воведување на „А1 Флекси”, компанијата покажува дека е подготвена за организациска еволуција, преку интеграцијата на деловниот и приватниот живот, a за поголемо задоволството на вработените“, соопштуваат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви понуди и промоции да очекуваат корисниците од А1

Што треба да знаат корисниците, откако Вип стана А1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пошта склучи договор со Техно-чист вреден 722,2 илјади евра

Редакција

Министерството за труд вработува 10 лица, плата до 28.303 денари

Редакција

Пензиите ќе се исплаќаат на почетокот на месецот

Редакција