Владата вчера донесе промена на одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа со која почетокот на работното време е во 08:00 часот,а завршеток на истото во 14:00 часот.
„Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 8 април 2020 година“, пишува во одлуката објавена во Службен весник.
Владата вчера ги задолжи сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, да го прилагодат работното време за административните и јавните службеници, односно истите да завршат со своите работни задачи и активности, со цел пред почетокот на забраната за движење на територијата на држабвата односно пред 16:00 часот да можат да бидат во своите домови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест лица со симптоми на корона вирусот во Општата болница во Охрид
Мерките почнуваат од среда: Забрана за движење од 16 часот до 5 наутро, за викенди 48 часа дома