Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на истапување и пристапување на содружник со пренос на удел, именување на управител на друштвото за издавање и маркетинг „Слободен печат“ донесе решение со кое се одобрува пријавата според која „Адриа медиа груп“ веќе не е сопственик на „Слободен печат“.
Како единствен сопственик сега е заведен извесен Александар Родиќ од Белград.
Управител на друштвото е Мирослав Јовановиќ.
Компанијата „Адриа медиа груп“ (Adria Media Group) го откупи контролниот удел во весникот „Слободен печат“ во октомври 2016 година.
Kомпанијата е издавач на српскиот дневен весник „Курир“, на истоимениот портал (kurir.rs) и на повеќе други популарни печатени изданија, веб-портали и мобилни апликации.