еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Аерозагадувањето носи ризик од појава на астма и многу други болести кај децата

Загадувањето на воздухот повторно е во фокусот на македонската јавност со доаѓањето на зимата и студените денови. На сите опасности што ги носи аерозагадувањето по здравјето на децата, но и на возрасните укажува примариус д-р Соња Петровска, педијатар-пулмоалерголог во Клиниката „Жан Митрев“.

Примариус д-р Соња Петровска

Изложување на аерозагадување кај деца, е поврзано со ризик од појава на астма. Како продолжение на астмата, се јавува и ризик од развој на ХОББ, белодробен карцином и хроничен ларингит.

Се смета дека аерозагадувањето се акумулира во висцералното масно ткиво при транзиција од браун во бело масно ткиво, при што може да се влоши инсулинската резистенција, оксидативниот стрес и системска инфламација.

Деца од Мексико Сити, изложени на високи вредности на ПМ , имале повисоки вредности на лептин и ендотелин-1 и пониски вредности на глукагон-лајк пептид-1, грелин (хормон на глад) и глукагон, во споредба со лица кои не живеат во загадена средина. Лептинот бил силно поврзан со нивото на ПМ при кумулативни изложувања.

При високи вредности на ПМ и озон во средината се поврзуваат со 12-часовна нагла хиперлептинемија, пореметување на апетит-регулаторните пептиди, дефицит на витамин Д и зголемување на ендотелин-1 кај здрави деца. Деца кои живеат во области со загадување со издувни гасови имаат повисок БМИ, што може да се должи на метаболни промени, што вклучува и резистенција кон инсулин.

РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА

Аерозагадувањето може да делува на секој дел од респираторниот систем и во секоја возраст од животот. Пренаталното изложување на аерозагадување се поврзува со визинг (тешко дишење) и астма во раното детство. Степенот на развој во тек на детството се намалува при изложеност на аерозагадување, а со тоа и степенот на оштетување на белодробната функција со возраста.

Изложување на аерозагадување кај деца, е поврзано со ризик од појава на астма. Како продолжение на астмата, се јавува и ризик од развој на ХОББ, белодробен карцином и хроничен ларингит. Може да биде и фактор за премин од астма во ХОББ.

ЗАБОЛУВАЊА НА КОЖАТА

Мултицентрична студија покажала поврзаност на аерозагадување со почесто јавување на атописки и уртикариелни кожни промени, дермографизам, себореа (но со намалена честота на перут). Изложеноста на надворешно или внатрешно загадување било поврзано со забрзано стареење на кожата, зависно од изложеност на сонце, пушење или други фактори

ОЧНИ ЗАБОЛУВАЊА

Солзење и иритација на очите може да се случи како реакција на иританси на очите, и е асоцирано со изложување на озон или азотен диоксид, иако може да делуваат и МП кои ја влошуваат состојбата ако изложените носат леќи. Коњуктивит е најчесто поврзан со изложување на озон и азотен диоксид, иако може да влијаат и ПМ и сулфур-диоксид.

ХЕМАТОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА

Уште од 1970-тите години е познато дека аерозагадување со олово од бензинот, предизвикува анемија. Други загадувачи од издувните гасови може да придонесат до хематолошки заболувања, или со директно навлегување во крвта при вдишување, или со активирање на инфламаторни реакции во белите дробови, што резултира со инфламаторни заболувања.

ПМ создава пореметена коагулација преку активација на тромбоцитите и ендотелот на крвните садови со помош на инфламаторните цитокини. 10 Деца кои живеат во области со загадување со издувни гасови имаат повисок БМИ, што може да се должи на метаболни промени, што вклучува и резистенција кон инсулин 2.5.

ЗАБОЛУВАЊА НА ЦРНИОТ ДРОБ

Живеење покрај големи автопати, каде што е големо аерозагадувањето, е проследено со зголемена преваленца на хепатална стеатоза. Постојат неколку потенцијални причини за поврзаност на аерозагадувањето со такви штетни ефекти на клетките на црниот дроб, преку инфламаторните медијатори, токсичноста врз гените, оштетување на митохондриите и оштетување на други органи, кои секундарно ќе го оштетат црниот дроб.

Црниот дроб е главен орган за детоксикација, на сите штетни материи што влегуваат од надвор, вклучувајќи ги ПМ честичките, кои доаѓаат во црниот дроб за да се разградат.

БУБРЕЖНИ ЗАБОЛУВАЊА

Бубрегот, кој е многу васкуларизиран орган, е осетлив кон оштетување и на големите и на малите крвни садови, со што води кон оксидативен стрес на ткивото и системски инфламаторни ефекти од аерозагадувањето.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во октомври раст од 8% на депозитите и од 5,3% на кредитите

Редакција

Колку ќе добие Македонија: За 50 милиони долари продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк

Редакција

(Галерија) Во најчистата Словенија: Да се потсетиме колку е убаво, кога е се чисто

Силвана Жежова