еМагазин
Image default
Македонија

Џафери: Истечени се роковите за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските

Претседателските избори најверојатно ќе бидат распишани на 8 февруари, а ќе се одржат на 21 април првиот круг и на 5 мај вториот круг, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг за новинари, пренесува meta.mk.

-Собранието е подготвено за избори и ќе работи се до почетокот на кампањата за избори, за пратениците да не тераат кампања во законодавниот дом – вели собранискиот спикер.

Доколку на изборите не се постигне цензус од 40 отсто во вториот круг, за шест месеци изборите ќе треба да се повторат, а во меѓувреме Џафери ќе ја врши функцијата претседател на државата за што вели дека е подготвен.

– Според Уставот не може да има празнина во функцијата. Тоа што сум презел одговорност да бидам претседател на Собранието тоа значи дека сум ја презел цела одговорност, а една од тие одговорности е и таа – вели Џафери.

На прашањето дали можеби ќе биде кандидат за претседател на државата од редовите на ДУИ, тој кратко одговара дека тој е претседател на Собранието.

Џафери вели дека предвремени парламентарни избори не и се потребни на државата затоа што има процеси кои треба да се завршат. Во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, тој вели дека е поминат рокот од воведување на 100 дена техничка влада пред парламентарни избори согласно Договорот од Пржино.

На прашањето кога во Собранието ќе се воведат двојазични табли, собранискиот спикер вели дека има рок од шест месеци тоа да се реализира и дека нема потреба од брзање туку од квалитет. Џафери најави дека веќе од следната седница, расправите ќе ги води на албански јазик.

Седница за избор на членови на Антикорупциска комисија најверојатно ќе биде закажана на 8 февруари.

-Огласот се затвори, ќе се врши евалуација на кандидатите потоа ќе им се вршат интервјуа. Потоа Комисијата за избори и именувања треба да подготви листа на кандидати и ова се очекува да се заврши до 6 или 7 февруари за на 8 да има седница – додава претседателот на законодавниот дом.

Мета/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наш мајчин и татков јазик е македонскиот и ние нема потреба никому да докажуваме дека сме Македонци, велат од Друштвото на писатели на Македонија

Редакција

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, посебен сообраќаен режим

Редакција

Починаа уште седум лица од Ковид-19, меѓу нив струмичанка на 44 години

Редакција