Закон за јавното обвинителство е донесен во соодветна процедура, доколку се утврди дека пратениците се внатре, а поради системот за гласање не го оствариле своето право да се изјаснат, моја одговорност е да овозможам повторно да се гласа, затоа се повтори гласњето, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на прашање дали е подготвен да понесе одговорност доколку, според најавите ВМРО-ДПМНЕ го оспори гласањето на Законите за јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители пред Уставен суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Не е донесен Законот за Советот на јавни обвинители, не е гласано по Бадентер
ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за ЈО
„Основниот закон е донесен без Бадентер и доплнувањата се носат без Бадентер. Тоа може да се потврди и со листингот на гласање. Да јас згрешив. Мислам дека не е крај на светот дека згрешив. Во три години и јас имам право да згрешам,“ додаде Џафери на прес-конференцијата посветена на распуштање на Собранието.
Тој додаде дека потпишаното Решение за распишување на предвремените парламентарни избори го доставил до Државната изборна комисија (ДИК), Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски не ги послуша ВМРО-ДПМНЕ, го потпиша Указот за Законот за јавно обвинителство
СДСМ: Процедурата при гласањето на Законот за ЈО беше кристално чиста
„Со оглед на тоа дека предвремените избори за пратеници се спроведуваат во согласност со одредбите на овој законик, а сите рокови за изборните дејствија се скратуваат за пет дена, освен рокот утврден за спроведување на изборната кампања, можам да потврдам дека роковите утврдени од Државната изборна комисија можат да се испочитуваат.
Лидерите го вратија мандатот кај Вас, обврска е на институциите да обезбедат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои Вие ќе го искористите Вашето демократско граѓанско право и обврска,“ рече Џафери.
Тој апелираше до сите учесници на овој изборен процес, политички партии, партиски членови, членови на Избирачките одбори и Општинските изборни комисии, и најважно од се, медиумите, да бидат на висина на својата задача, да придонесат да изборниот ден биде свечен ден и уште еден позитивен прилог во Извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во месец март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието се распушти, изборите на 12 април
Фото: Собрание