еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Агенција за лекови: Граѓаните да не користат антибиотици за третман и превенција од Ковид-19 на своја рака

Агенцијата за лекови и медицински средства согласно своите стратешки цели, а во насока на заштита и унапредување на јавното здравје информира дека будно ја следи употребата на антибактериските лекови за системска употреба (антибиотици).

Посочуваат дека од почетокот на пандемијата со Ковид-19 евидентирана е зголемена потрошувачката на антибиотиците.

Во интерес на јавното здравје и безбедната употреба на лековите од Агенцијата ги потсетуваат здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикационото подрачје како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт (согласно одредбите утврдени во Законот).

– Антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција, но не и вирусна. Апелираме до граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на корона вирусот Ковид-19 на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт, посочуваат од Агенцијата за лекови и медицински средствa.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каде сѐ освен во скопска Гази Баба ќе има маркет на Лидл

Редакција

(Видео+фото) Охрид побеле од град: Силно невреме ги поплави улиците и предизвика штета

Редакција

„А1 Македонија“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на електронски билети вреден 573.000 евра

Редакција