Осуденикот Агим Красниќи вчера не се пријавил во затвор Штип по викенд отсуство.
Директорот на затворот Мики Тодоров вели дека сите институции се известени, Управата за извршување санкции, судот и полицијата, по што и официјално Красниќи сега се води како бегалец.
Тој забележува дека изминатите години Красниќи има користено викенд отсуства и секогаш се враќал во затвор Штип на издржување на казната затвор.
Немале никакви индиции дека Красниќи по оваа викенд отсуство нема да се врати во затвор Штип.
Красниќи има единствена казна затвор од 15 години и ја издржува од 2008 година. Тоа значи дека тој има издржано веќе 13 години казна затвор, а остануваат уште три.
Осуден e за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела.
МИА/Фото/Фејсбук/Красниќи/Влада