еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети за реакцијата на американската Амбасада дека изборот на Абази е збунувачки, вели дека била принципиелна

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во врска со скорешната реакција на амбасадорката на САД во земјава околу избирот на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, Ахмети изјави дека нејзината реакција била принципиелна и посочи дека за ова прашање ДУИ веќе со години бара сеопфатен ветинг, почнувајќи од локалната до централната власт.

– Изјавата на американската амбасадорка е принципиелна. Борбата против криминалот на корупцијата мора да биде бескомпромисна. Изборот на законодавните тела треба да бидат независни органи и сето ова време промовиравме дека извршната власт треба да биде независна и ние веќе неколку години инсистираме да се направи ветинг, во сите државни институции.

Без соодветен ветинг не можеме да бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото. Ние сме за владеење на правото, ние сме за ветинг. Партнерство со нас ќе има секој кој што е посветен, одлучен за вистинска ветинг и за функционирање и владеење на правото.

Тоа значи дека ги забрзуваме чекорите кон членство во Европската Унија, со тоа што ќе бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата, но овој успех доаѓа и од вистинска проверка на сите политички и законодавни фигури, од локалната до централната власт, изјави Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните заслужуваат независно судство и нема место за политичко мешање во овие постапки

МИА/Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи за надворешни, Бесими за финансии, Груби прв вицепремиер: ДУИ ги соопшти кандидатите за министри

Редакција

Џафери за утре најави седница за избор на претседател на Собранието

Редакција

Од ЗНМ апелираат надлежните итно да постапат за нападите врз новинари

Редакција