еМагазин
Image default
Бизнис

АХВ донесе сет мерки за одгледувачите на свињи за заштита од африканска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со сет мерки кои треба да ги применуваат одгледувачите на свињи во државата за да се заштитат односно заради елиминирање на ризикот од појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите во земјава, имајќи ја предвид епизотиолошката состојба со болеста во регионот каде е потврдено нејзиното присуство.

На сточарите кои одгледуваат свињи, стои во денешното соопштение од АХВ, им се забранува одгледување и испаша на свињите на отворено. За непочитување на оваа мерка, подвлекуваат од АХВ, свињите ќе бидат без надомест одземени од сточарите и хумано убиени и нештетно отстранети.

Решението забранува ставање во промет на свињи преку добиточните пазари и собирните центри.

Согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните сите одгледувачи на свињи имаат обврска да ги воспостават и одржуваат основните биосигурносни мерки на фармите.

На одгледувалиштата од категоријата фарми со „висок ризик“, им се забранува набавка и внесување на свињи доколку ги немаат воспоставено основните биосигурносни мерки.

Со решението наложено е задолжително пријавување на сомнеж на болест или угинување на свињи до најблиското ветеринарно друштво или официјален ветеринар на АХВ.

Сточарите, порачуваат од АХВ, треба ажурно да го водат Регистарот на одгледувалиште и во него да ги евидентираат сите активности на фармите.

„Фармерите имаат обврска да водат евиденција за движењето на животните кои мора да се идентификувани, со валиден сертификат за здравствената состојба и документ за Ланец на исхрана доколку се транспортираат до кланица за колење.

Да се води сметка животните да не доаѓаат во контакт со други животни кои имаат непознат здравствен статус. Од одгледувачите кои нема да ги исполнат условите за движење на животните од решението, свињите ќе бидат одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот, доколку се затекнат во промет“, се појаснува во соопштението од АХВ.

Свежото месо, подготовките, производите од месо и нус производите од дивите животни приемчиви на болеста, согласно донесеното решение на АХВ, не смее да дојдат во контакт со животните на фармите, бидејќи преку нив може да дојде до пренесување на болеста.

Ловџиите или лицата кои имале контакт со диви приемчиви на болеста животни, не смее да имаат со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот.

Од АХВ наведуваат дека болеста африканска свинска чума се пренесува и шири со директен контакт од болно на здраво животно, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека и биолошки преку вектор – мек крлеж од родот Ornithodoros.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на производителите на индустриски производи во април зголемени за 1,6%

Редакција

Во кои пет сектори се највисоките нето-плати во август

Редакција

Дамјан Манчевски назначен за генерален менаџер на MAK-SYSTEM во Скопје и Белград

Редакција