еМагазин
Image default
Локално

Акција на МВР: Одземени мотори, казнети возачи

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11/12. 05. 2019 година во периодот од 20.00 до 01.00 часот спроведе зајакната акциска контрола по прекршоци што ги чинат возачи на  моторцикли, информираат од МВР.

„Од страна на полициските службеници, по однос на констатираните прекршоци  што ги чинат возачи на моторцикли од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, шест моторцикли се одземени привремено под сомнение за техничка неисправност за утврдување на бучава, за два од мотоциклите постои сомнеж за сторен царински прекршок, откриени се пет прекршоци сторени од возачи на моторцикли и тоа: управување без возачка дозвола, измината важност на сообраќајна дозвола, изгубена или оштетена регистарска табличка, неносење на возачка дозвола и управување без заштитен шлем (кацига).

Во однос на погоренаведените прекршоци издадени се четири платни налози за наплата на глоба и еден мандатен платен налог за наплата на глоба, а дополнително се откриени уште десет останати прекршоци, за шест од нив издадени се мандатни платни налози за наплата на глоба, а за четири прекршочни платни налози за наплата на глоба“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руски рулет на патиштата: МВР за еден ден исклучи од сообраќај 28 возила за меѓуградски превоз

Редакција

Убав гест од „Номад“: Бесплатно кафе и сокови за персоналот од Државната болница

Редакција

(Галерија) Скршени кампови, превртени тенди, откорнати дрвја: Невремето направи пустош во Љубаништа

Редакција