Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата.
„Цената на акцијата во периодот јануари – јуни 2022 година се движеше од 16.385 денари до 19.400 денари, или просечно 17.894,72 денари за една акција, што претставува раст од 21,4% во споредба со просечната цена во истиот период од 2021 година.
На 30.06.2022 година акциите на Алкалоид АД Скопје беа во сопственост на 5.268 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше речиси 24 милијарди денари“, информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За шест месеци Алкалоид инвестирал 490 милиони денари и има 127 нови вработувања
Алкалоид за шест месеци има раст на нето-добивката од 11%, а на извозот од 20%
Фото: Алкалоид