Бизнисменот Орце Камчев веќе една недела е на слобода, откако Апелацискиот суд му го укина притворот и му ја прифати понудената гаранција од 11 милиони евра.
Според решението од Апелација, „Фокус“, објави дека гаранцијата, која прецизно изнесува 10.996.453 евра, се состои од подвижен и недвижен имот.
Во подвижниот имот се заложени 200.000 евра во кеш, но и хартии од вредност, односно акции во сопственост на Орка Холдинг.
-Хартии од вредност-обични акции во сопственост на „Орка Холдинг“ издадени од Стопанска банка АД Битола и хартии од вредност-обични акции во сопственост на „Орка Холдинг“, издадени од ЗК Пелагонија АД Битола, со вкупна вреддност од 2.270.724 евра, се наведува во решението на Апелација.
Останатата гаранција е во вид на недвижен имот, повеќето заведен како објекти за лесна и незагадувачка индустрија. Дел од објектите се наоѓаат во Демир Хисар, како и неколку земјишта под згради, во вредност од 1,4 илиони евра, а се во сопственост на „Кара“, објави Фокус.
Како залог е даден и сличен имот на „Кара“ во Илинден, а во вредност од 2,4 милиони евра. Потоа имот во Делчево, вреден над 2 милиони евра, па во Битола со вредност од над еден милон евра, како и неколку пасишта во Нерези, со вредност од над 1,3 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Камчев се врати во затворот во Шутка за да си ги собере работите
По Мијалков и Камчев излегува од притвор со гаранција од скоро 11 милиони евра
Фото: МИА