Најтргувани хартии од вредност во првите три месеци од 2021 година се акциите издадени од Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 11,98 милиони евра, потоа следат акциите издадени од НЛБ Банка АД Скопје со вкупен промет од околу 3,40 милиони евра и акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупен промет од околу 3,21 милиони евра, соопшти Македонската берза.
Учеството на прометот остварен во БЕСТ системот на десетте акции во МБИ10 индексот во прометот со акции од класично тргување во БЕСТ системот за првите три месеци од 2021 година изнесува 93%, што е вообичаено висока концентрација на класичното тргувањето во овие акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добивка оствариле 66, а загуба 29 компании од берзата во првото тромесечје од 2021 година
Пад на прометот на Македонската берза од 36% во првите три месеци од 2021 година