„Реплек“ преку Македонската берза соопшти дека вчерашната седница на Собранието на акционери ќе продолжи на 22 април.
„Се продолжува седницата на Собранието одржана на ден 08.04.2021 година во врска со точка 1 (разгледување на годишниот извештај за работењето на друштвото за период јануари декември 2020 година, усвојување на извештајот и одобрување на работата на Управниот одбор) и точка 6 (Извештај за работењето на Надзорниот одбор на друштвото за 2020 година, усвојување на извештајот и одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор) од дневниот ред за отповикување и избор на нови членови.
Седницата на Собранието продолжува согласно законскиот рок на ден 22.04.2021 (четврток) со почеток во 8,15 часот во деловните простории на Друштвото (на IV кат во голема сала) на ул. “Козле” бр. 188 Скопје“, соопшти компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Времено суспендирање на тргувањето со акциите на Реплек
Колкави биле примањата на Управниот и Надзорниот одбор на Реплек лани
Промет од 829.000 евра со акциите на „Реплек“ за осум месеци