еМагазин
Image default
Локално

Акциска контрола на МВР за откривање организатори на диви трки

При акциска контрола на МВР за откривање и санкционирање на возачи кои организираат и учествуваат во диви трки, вчера на подрачјето на СВР Скопје биле одземени девет сомнителни мотоцикли.

Како што соопшти МВР, акцијата се одвивала од 18 часот вчера, до еден часот утринава, а била спроведена Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделението за сообраќајно-ескортно обезбедување.

Мотоциклите се задржани поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед.

Полицијата во истиот период по однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, санкционирала 62 возачи за сторени сообраќајни прекршоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Охрид го осуди инцидентот помеѓу советниците: Тоа не доликува на избраници на граѓаните

Редакција

За сообраќајката во која загина 17-годишно момче осомничен возачот на автобус на ЈСП

Редакција

Кавадарчанец баран од МВР приведен на граничниот премин Табановце

Редакција