еМагазин
Image default
Локално

Мажот кој беше претепан на Кеј, починал на Клиниката за неврохирургија

Вчера во 13:18 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на вработена во Невро-хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека на одделението починал С.М. (66) од Скопје, кој бил примен на 3 август 2018 година во 8:30 часот.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. На 3 август во 3 часот С.М. пријавил дека истиот ден околу 2 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди (модринка на левото око и расекотина на десниот образ).

По преземени мерки лицето било пронајдено и било утврдено дека се работи за А.Б. (43) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за тетовец кој силувал 15-годишна малолетничка

Редакција

44-годишен маж од Пробиштип пронајден починат на клупа пред зграда во скопски Аеродром

Редакција

Четворица млади со меѓусебна пресметка направиле хаос во автобус на ЈСП

Редакција