еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

„Aктивните напади“ помеѓу двете страни би можеле да завршат за три недели, прогнозира советник на Зеленски

Олексеј Арестович, советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска изјави дека за Русија и понатаму приоритет е преземање контрола врз Киев, но оти таквиот обид би бил „самоубиство“ за Москва.

Според него „активните напади“ помеѓу двете страни би можеле да завршат за две до три седмици.

Руските сили речиси четири недели, уште од почетокот на окупацијата, се обидуваат да го заземат главниот град на Украина. Претходно, британското разузнавање соопшти дека руските сили „издржале уште еден ден на ограничен напредок, при што повеќето сили во голема мера се во застој“.

Според официјален Киев, Москва претрпела големи загуби во војната досега, наводно околу 15.000 руски војници загинале, а уништени се стотици тенкови.

Во меѓувреме, советничката на украинската Влада, Љубов Цибулска, изјави дека за евентуален крај на војната Русија треба да ги повлече силите од Украина.

“Знаеме дека има одреден круг на луѓе во руските власти кои разбираат дека оваа војна води кон руски колапс. Очекуваме тие да направат нешто. Постои шанса моќта на Путин да биде ограничена од неговиот народ“, додаде Цибулска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија тврди дека го гранитирала трговскиот во Киев, оти Украинците таму криеле оружје

(Видео) Путин има јахта вредна 700 милиони долари, тврди тимот на Навални

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

Редакција

Вкупно 259 здравствени работници во Македонија заразени со корона вирусот, оздравени 238

Редакција

„Димакс рудници“ го доби тендерот на ЈП за одржување и заштита на магистралните патишта за набавка на индустриска сол вреден 2,8 милиони евра

Редакција