еМагазин
Македонија

Алијанса за Албанците не е против предвремени избори, но приоритет и е евроинтеграцискиот процес

Алијансата за Албанците (АА) апсолутно не е против предвремени парламентарни избори, но нејзин приоритет е евроинтеграцискиот процес на земјата, изјави денеска партискиот портпарол Наим Бајрами.

– Ние секогаш сме подготвени за такви политички и демократски акти како што се изборите. Меѓутоа, евроинтеграцискиот процес отсекогаш, од самото наше појавување на политичката сцена, бил голем и значителен приоритет, изјави Бајрами на прес-конференција прашан за коментар на ставот на Беса, која поддршката за уставните измени ја услови со одржување на предвремени парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕСА ја условува поддршката на уставните измени со одржување предвремени избори, не исклучуваат соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на Беса, Билал Касами во неделата изјави дека партијата ќе ги поддржи измените на Уставот, под услов власта да се согласи на одржување предвремени парламентарни избори следната пролет.

– Ако за власта приоритет е промената на Уставот и внесување на Бугарите како народ во него, тогаш мора да се направи компромис за предвремени избори. Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите во делот на интегрирањето и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори, рече Касами, најавувајќи дека ако до пролет не се одржат предвремени парламентарни избори, БЕСА ќе ги радикализира чекорите за притисок врз власта преку протести.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Таргет-Тврдина“ одложена поради одлучувањето за притворот на Мијалков во Апелација

Редакција

Обвинителство со детали од истрагата за сообраќајната несреќа во која загинаа 14 лица

Редакција

(Фото) Пронајдени црни шорцеви на плажата Катерини, постои сомнеж дека се на Мартин

Редакција