еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има ли предвремени парламентарни избори: Раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одлучуваат што по референдумот

И владејачката СДСМ и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, двете најголеми партии во земјава, вечерва имаат седници на извршните комитети, на кои главно прашање е дали ќе има предвремени парламентарни избори.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не даде подршка за уставните измени предвидени со договорот за името со Грција, премиерот Зоран Заев, најави предвремени избори до крајот на ноември или најдоцна до декември.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ засега тврдат дека никој од нив нема да даде согласност за уставните измени.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски со последните изјави не беше целосно јасен дали ВМРО-ДПМНЕ е за избори, а од коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ, пак велат дека не е време за избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Титаник 3“ одложен поради пратенички обврски на Ејуп Алими

Редакција

(Видео) Денеска милиони Муслимани за подршка на Газа ќе ги преплават улиците на Блискиот исток, но и ширум светот

Редакција

15 години затвор за неготинецот што ја претепа партнерката, која почина од повредите 

Редакција