Алкалоид АД Скопје, во периодот јануари-декември 2021 година оствари позитивни финансиски резултати, искажани во неревидираните единечен и консолидиран Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.
Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 10.016.206 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат пораст од 4%.
“Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 95%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2020 година бележат пораст од 4%
Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 13.196.695 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат пораст од 5%.
Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2020 година бележат пораст од 5%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 8.628.364 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат пораст од 3%“, велат од компанијата.
Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари-декември 2021 година изнесуваат 11.736.771 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат пораст од 5%.
“Од вкупните консолидирани продажби, 65% се остварени на странските пазари.
Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Германија (раст од 160 %), Полска (раст од 131 %), Украина (раст од 47 %), Русија (раст од 45 %), Унгарија (раст од 30 %), Бугарија (раст од 16 %), Чешка (раст од 12 %) итн.
За првпат во сегментот фармација се реализираа продажби на производи во Германија, Австрија, Португалија и на Кипар, а во сегментот козметика се реализираше првата поголема продажба на колекцијата Becutan во Саудиска Арабија“, велат од компанијата.
Остварената единечна нето-добивка во 2021 година изнесува 1.281.406 илјади денари и во споредба со остварената во 2020 година бележи зголемување за 12%.
Остварената консолидирана нето-добивка во 2021 година изнесува 1.304.960 илјади денари и во споредба со остварената во 2020 година бележи зголемување за 12%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкалоид лани со 214 нови вработувања и инвестиции од 1,1 милјарда денари
Кои се очекувањата на Алкалоид за 2022 година