еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алтернатива во недела ќе се изјасни околу партиципирањето во Владата

Алтернатива во недела ќе го донесе конечниот став околу партиципирањето во Владата. Одлуката ќе биде донесена на седница на Централното собрание што ќе се одржи во 16 часот во партиското седиште во Тетово.

– Најтесното партиско раководство на Алтернатива е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива Европската коалиција.

Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ, соопштија од партијата на Фејсбук.

Расудуваме трезвено, без емоции, велат од Алтернатива, целосно свесни за предизвиците кои не очекуваат.

– Уште еднаш потенцираме дека нема да влетаме во замката што ни се подметнува. Нема да оставиме ниту минимум простор дека Алтернатива на било каков начин самата придонесе за процесите кои неминовно следат, се вели во објавата на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнис-планот на Алкалоид за 2024 година предвидува консолидирани продажби од над 295 милиони евра

Редакција

Со полициски хеликоптер пренесен македонски граѓанин од Истанбул до Скопје по извршена операција

Редакција

Сите детали: Како ќе се пресметува новиот данок за моторни возила?

Редакција