еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Амбасадорот од Јапонија не е отповикан поради сексуално вознемирување, уверуваат од МНР

Како што веќе објавивме, повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија беше спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури, информираат од Министерството за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот амбасадор во Јапонија отповикан, опозицијата тврди дека е поради сексуално вознемирување на колешки

-Во оваа прилика дозволете да информираме дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се совпаѓаат со нападите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници.

Со пласирањето шпекулации и непроверени наводи кои не се потврдени, се нанесува лична штета кон човекот, кон неговото семејство, и неговите блиски. Со ова однесување ВМРО-ДПМНЕ не само што го изгуби човечкиот компас, туку и директно ѝ нанесува штета на дипломатијата и на односите со пријателска земја како што е Јапонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил македонскиот амбасадор во Јапонија, кој е отповикан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков: Никој од моето семејство и обезбедување не стои зад нападот на Златев

Редакција

ММФ годинава предвидува пад на македонскиот БДП од 5,4% и раст од 5,5% во 2021

Редакција

(Видео) Мицкоски: “Францускиот предлог“ утре на седница на Влада, да излеземе масовно на протест

Редакција