еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Американската амбасадорка бара уставни измени до крајот на годината

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер верува дека е јасна и важна пораката на американскиот сенатор Крис Марфи дека тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции треба да се направат до крајот на годинава.

Агелер, која денеска е во Кавадарци на отворениот ден организиран во рамките на вежбата „Брз одговор 23“ каде се прикажани дел од возилата, вооружувањето и опремата што ќе се користи на оваа вежба, прашана за коментар за изјавата на сенаторот Марфи, рече дека според неа тој бил навистина јасен во неговата изјава.

–  Сметам дека неговата порака е важна, дека доколку тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции не се направат до крајот на годинава, сигурно ќе има луѓе во САД, во Белата куќа, во Капитол… кои ќе се прашуваат колкава е посветеноста на вашата земја во однос на евроатланските интеграции и европскиот пат.

Затоа нема потреба од толкување на неговата изјава, верувам дека беше многу јасен, одговори Агелер на новинарското прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Ако нема уставни измени, тоа ќе влијае на односите со САД и ќе биде загрижувачки чекор за НАТО сојузници

МИА/Фото: американска Амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Учениците од денеска на распуст, од утре пријавување за упис во средните училишта

Редакција

Анкета на МЦМС: Мнозинство граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот, поддршка би дале 41,5 процент

Редакција

Билјана Максимовска Поповиќ и Никола Џамбазовски влегоа во Управниот одбор на Комерцијална банка

Редакција