еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Галерија) Американската амбасадорка Брнз со сопругот во посета на „Лајка“

Американската амбасадорка Кејт Брнз, придружувана од својот сопруг Лери Скот Гејџ, денеска беше во посета на ЈП „Лајка“.

Директорката на ЈП „Лајка“, Тина Петрушевска ја запозна амбасадорката со тековните активности и со долгорочната мисија на претпријатието кое се грижи за благосостојбата на бездомните кучиња на територија на град Скопје, информираат од ЈП „Лајка“.

Во рамки на посетата, Брнз ја посети ветеринарната служба на прифатилиштето каде се спроведува хуманиот третман, а исто така во паркот за миленици имаше одлична дружба со дел од кучињата  подготвени за вдомување, информираат од таму.

Фото: ЈП Лајка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан

Редакција

Пад од 36,1%: Минатата недела 175 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Викендов топло, на некои места летни температури

Редакција