Амнестија добија и Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски, организатори и водачи на инцијативата „За заедничка Македонија“.
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по доставени барања во врска со Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решенија со кои ги уважи барањата на Б.И., В.Ј. и Б.Д. опфатени во предметот со КОК бр. 40/18, соопштија од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Останите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење, како што се посочува, Советот донесе решенија со кои тие се одбиваат како неосновани. За сите решенија, согласно Законот, обвинетите имаат право на жалба во рок од три дена до повисокиот суд.
Сите останати барања, во одделот Кривично полнометни, се во фаза на одлучување и во законски утврдениот рок ќе бидат донесени решенија кои ќе бидат доставени до странките, а јавноста ќе биде благовремено известена, наведуваат од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амнестирани пратениците Мукоски, Василевски, Димовски, Трачуловски и Арнаудов
Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?
Твитер „прегреа“ за амнестијата и притворот: „Правна држава, жими ашимов“