еМагазин
Image default
Бизнис

Анѓушев: Данок на депозити во банка треба да има и тоа да почне од 2020 година

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на новинарско прашање во врска со Законот за данокот на добивка кој треба да почне да се применува од 2020 година, а со кој се опфатени добивките од камати на депозити во банките, дивидендите и капиталните добивки од тргување на берзата, одговори дека станува збор за две категории за кои деновиве се дискутира, но јавноста не е доволно информирана.

„Прво, се зборува за оданочување на каматите од депозитите во банките, односно доколку граѓаните имаат средства во банка, на крајот на годината по пресметаната камата да платат данок во висина од 15% за вредноста на тие средства. Апсолутно сум за тоа ова да почне да се применува од 2020 година.

Втората категорија за која се дискутира е данокот на капитални добивки, односно доколку имате акции во некоја компанија и со нив тргувате на берзата, сте ги купиле по една цена, а ги продавате по друга повисока цена, треба да платите данок на направената разлика.

Тоа е данокот на капитални добивки. Сметам дека треба да се одложи со примена на овој данок, за да се стимулира берзанското работење, нашата берза е се уште млада, а голем број на држави кои биле на степен на развој како нашиот, ја примениле оваа практика, за да се развијат берзите и да ги охрабрат компаниите кои се друштва со ограничена одговорност да се трансформираат во акционерски друштва. Тоа е впрочем и начин да се вбризга свеж капитал во компаниите.

Очекуваме во наредните месеци Владата да донесе конечна одлука по ова прашање“, рече Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата си гази на програмата: Праведниот данок преку ноќ стана неправеден во корист на богатите

Бранимир Јовановиќ: Владата работи за богатите со одложување на оданочувањето на капиталните добивки

Ќе падне ли Владата на колена пред банките и богатите за оданочувањето на капиталните добивки и депозитите?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс функционерите Владимир Пешевски и Кирил Миновски го советуваат вицепремиерот Битиќи?

Редакција

Народна банка: Просечната каматна стапка во ноември 4,42%

Редакција

Цените на бензините, дизелот и екстралесното масло остануваат исти

Редакција