Анализата на американските универзитети Харвард, МТИ и други институции ја потврди претпоставката дека високите температури влијаат врз Ковид-19, што вирусот го прави сезонски.
Според „Вашингтон пост“, научниците проучувале 3.739 локации низ целиот свет и заклучиле дека просечните температури од над 25 степени значително го намалуваат ризикот од зараза.
Тие, меѓутоа, предупредуваат дека летото нема целосно да ја запре пандемијата.
Научниците забележуваат дека корона вирусот веројатно ќе се однесува како САРС и МЕРС, односно дека ќе ослабне кога времето ќе биде потопло, но и дека тоа значи дека бројот на инфекции ќе се зголемат на есен.
Дејвид Хејман, професор на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, предупредува дека наодите на ваквите истражувања треба да се земат со голема внимателност.
„Тие се лабораториски истражувања. Тие не се реални ситуации. Ние сме секојдневни сведоци дека Ковид-19 се пренесува во повеќето делови на светот, дури и во тропските предели“, рече Хејман.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Уште само 21 здравствен работник во Македонија заболен од коронавирусот
13 лица од новите случаи на заразени со коронавирусот имале контакт со потврден случај
Скопјанката која почина од коронавирусот имала претходни заболувања