еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Анализа на реномираната „Вуд енд компани“: Акцијата на „Алкалоид“ вреди злато и треба да се чува

Акцијата на „Алкалоид“ вреди злато и треба да се чува, затоа што генерира и ќе продолжи да создава профити, се вели во анализата на реноминатата чешка инвестициска банка „Вуд енд компани“.

„„Алкалоид“ е акција која треба да се купува до ценовни нивоа до 13.600 денари за акција и потоа да се поседува односно да се чува. „Алкалоид“ сега и во иднина има и ќе има релативно силни и растечки приходи од кои ќе произлегува висока добивка и тоа го проектираат во континуитет за наредните три до четири години,“ се вели во анализата на ЦФА сертифицираните специјалисти на „Вуд енд Компани“.

Аналитичарите, овие проекции ги темелат на тековни и идни вложувања на „Алкалоид“ во нови производствени капацитети од фармацевтската индустрија, од обнова на постоечките лиценци за производство на лекови и добивање на нови лиценци.

„Со сите тие активности „Алкалоид“ создава реална и лесно предвидлива и одржлива основа за раст на приходите, зголемување на добивките и уште позасилена пазарна пенетрација на домашниот, регионалниот и глобално на светкиот пазар. На регионалниот пазар е препознаен и важи за исклучително квалитетен бренд,“ се додава во анализата.

Како можни ризици кои постојат аналитичарите ги наведуваат општите ризици кои важат за сите фармацевтски производители: можни легислативни регулаторни ограничувања од национални авторитети во областа на издавање дозволи и пуштање во промет медикаменти како и можни ценовно-курсни варијации на некои валути од мноштвото земји во кои извезува најголемиот македонски производител на лекови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ ќе дели дивиденда од 25,9 милиони евра

Редакција

Во февруари издадени за 39,5% повеќе одобренија за градба

Редакција

Ѓоргиев: Се рушат и последните надежи за пристоен дијалог и се зголемува расколот меѓу Македонците и Бугарите

Редакција