еМагазин
Image default
Бизнис

„Ангропромет-Тиквешанка“ оствари добивка од 1,3 милиони денари за три месеци

„Ангропромет-Тиквешанка“ АД Кавадарци за периодот јануари – март 2019 година оствари позитивен финансиски резултат односно нето добивка по оданочување во износ од 1,3 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Во пресметковниот период јануари – март од деловната 2019 година остварени се оперативни приходи во износ од 6.809.000 денари кои бележат пораст од 22% во однос на истиот пресметковен период од минатата година.

Вкупните оперативни расходи во 2019 година изнесуваат 5.020.000 денари кои бележат зголемување за 80% во однос на истиот период од минатата година,како резултат на зголемените обврски заради задоволување на зголемениот обем на работа.

Остварената оперативна добивка во пресметковниот период од деловната година бележи пад во однос на истиот пресметковен период на минатата година“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новата година носи нови даноци: За приход од 100.000 денари ќе се плаќа данок од 10.800 денари

Редакција

„Макстил“ со намалена добивка

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до еден денар

Редакција