еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска отвори предмет за министер и пратеници

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната 46-та седница отвори три предмети за акумулација на функции против службени лица, кои произлегуваат од изјавите за судир на интереси за 2020 година.

Предметите се отвораат за еден член на Совет на општина, кој истовремено е член и на Управен одбор на детска градинка, еден пратеник во Собранието кој истовремено е член и на Надзорен одбор во Центарот за управување со кризи и за в.д. директор на средно општинско училиште, кој истовремено управува како сопственик со трговско друштво.

ДКСК отворија постапки и против пратеник во Собранието, кој го променил управителството во неговата фирма, меѓутоа за управител поставил негово блиско лице, министер во Владата кој, исто така го променил управителството во неговата фирма и за управител поставил негово блиско лице и уште еден пратеник кој го направил истото.

На денешната 46-та седница ДКСК го усвои Стратешки план за периодот 2021-2023 година, во кој меѓу набавка на нови софтверски решенија има и предвидено средства за нови вработувања.

Стратешкиот план на ДСКК ќе биде објавен на официјалната веб страница на Антикорупциска.

ДКСК на денешната седница, меѓу другото го усвои и упатството за рангирање на предмети за постапување на комисијата по основ на доставени пријави, согласно кое се решава проблемот со големиот наплив на предмети и времето потребно за проценка на примените пријави и детекција дали постои законски основ ДКСК да преземе активности.

За нов заменик претседател на ДКСК, на денешната седница беше избран Шемси Салаи. Изборот на заменик-претседател на ДКСК, според деловникот се менува на шест месеци по азбучен ред.

ДКСК на денешната седница го усвои и предлог- правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата, со кои се прифаќаат доделените лица од К-5 програмата.

Директорката на ДКСК, Билјана Ивановска, рече дека од распределените осум лица, потпишале четири, од кои тројца помлади соработници и еден референт.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонското МНР се огради од ставовите на Ѓоргиев

Редакција

Вакцинирани повеќе од 2.000 македонски државјани во Белград, денеска и утре се вакцинираат и 1.700 во Ниш

Редакција

Јохан Тарчуловски: Ако гласам за уставните измени, нека бидам убиен

Редакција