Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, смета дека пратениците на Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса имаат, како што вели, историска шанса да ја стават ДУИ во опозиција.
– Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат, напиша Апасиев на Фејсбук.
Тој додава дека ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а тие – максимум девет.
Објавата на Апасиев следува откако пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи денеска изјави дека нема да биде дел од списокот за уривање на владата, ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реџепи од Алтернатива се предомисли поради Левица, го повлекува потписот од „списокот“ на Мицкоски
МИА/Фото: Левица