Во Македонска Каменица започна хуманитарна акција за собирање финансиски средства за помош на стара и немоќна жена од село Косевица, на која пред три недели и изгоре куќата по удар од гром.
Како што информира хуманистот Дарко Гоцевски од Македонска Каменица, за собирање помош за немоќната старица ќе биде направен фонд на донации преку кој на социјалните мрежи ќе можат да донираат сите хумани граѓани.
ПОСЛЕ ДОЖДОТ, ЌЕ ИЗГРЕЕ СОНЦЕ (Пријатели, Ве замолувам да го погледнете видеото до крај и ако сакате да го споделите)Драги пријатели и хумани луѓе,Од вечерва започнува хуманитарна акција за финансиска помош на баба Рајна од с.Косевица која пред 3 седмици по удар на гром во пожар го изгуби својот дом. Ќе биде направен фонд за донации на фејсбук – fundraiser, кадешто сите Вие ќе можете да донирате.Почитувани хумани луѓе, Баба Рајна од с.Косевица е жена на 70 годишна возраст која до пред неколку седмици живееше мирен селски живот. Но, на 4 Јули од гром, се запали и целосно изгоре нејзиниот дом. Моментално баба Рајна живее заедно со својот добиток без елементарни услови за живот и ја бара нашата помош за да обезбеди финансиски средства за да изгради една соба во која ќе може да живее нормален живот. Баба Рајна живее сама и има скромни финансиски примања.Трагичниот настан да биде уште потажен во пожарот изгорела и целата заштеда која баба Рајна грижливо ја чувала години наназад. Време е повторно да се обединиме во хуманоста и да и помогнеме на баба Рајна.ЈАС ЗНАМ, ПОСЛЕ ДОЖДОТ, ЌЕ ИЗГРЕЕ СОНЦЕ !
Posted by Darko Gocevski on Петок, 26 јули 2019
„Баба Рајна од село Косевица е жена на 70 годишна возраст која до пред неколку недели живееше мирен селски живот. Но, на 4 јули од гром, се запали и целосно изгоре нејзиниот дом. Моментално баба Рајна живее заедно со својот добиток, без елементарни услови за живот за што и е потребна нашата помош. Целта е да се обезбедат доволно финансиски средства за да изгради една соба во која баба Рајна, ќе може да живее нормален живот. Таа живее сама и има скромни финансиски примања“, вели Гоцевски.
Трагичниот настан да биде уште потажен, во пожарот како што додава хуманистот Гоцевски изгорела и целата нејзина заштеда која грижливо ја чувала години наназад.
„Затоа сметам дека е време, повторно да се обединиме во хуманоста и да и помогнеме на баба Рајна. Со тоа како многупати досега ќе покажеме дека хуманоста е наша посилна страна“, додава Гоцевски.
Акцијата ќе се реализира под мотото „После дождот ќе изгрее сонце”, а Гоцевски по собирањето на потребните средства, очекува за кратко време да се изгради и потребниот дом во кој ќе живее, немоќната старица од село Косевица.
МИА/видео: Дарко Гоцевски/Фејсбук